👁️  12

Од само 3 состојки: Рецепт за најлесното, а вкусно пилешко во сос

Можете да добиете одличен вкус на храната дури и кога користите ограничени состојки – на пример, само три состојки. Овој рецепт за пилешки батаци без коски во соја сос и кафеав шеќер е најдобар доказ за тоа.

Состојки:

450 гр пилешки гради без коски
125 мл соја сос
60 гр кафеав шеќер

Подготовка:

Загрејте голема нелеплива тава на средна топлина.
Во тавата додадете го пилешкото исечено на помали парчиња и пропржете го додека не добие златно-кафеава боја од двете страни.
Во сад измешајте ги соја сосот и кафеавиот шеќер и прелијте го пилешкото.
Гответе сè заедно додека пилешкото термички не се обработи до крај, а сосот се намали и згусне.
Послужете го пилешкото со прилог по ваш избор. Добар апетит!