Аргентинецот Кристијан Фабијани ќе го води ФК Вардар

Новиот шампион во ПМФЛ Вардар денеска го назначи новиот тренер, само два дена после освојување на шампионската титула.

Аргентинецот Кристијан Фабијани ќе го води во иднина Вардар. Фабијани има петгодишно тренерско искуство со аргентински клубови, меѓу кои и екс клубот на Лионел Меси, Њуелс Олд Бојс.


Фабјани ја презема клупата на Вардар од Гоце Седлоски, кој заминува на селекторската функција откако на тимот му ја донесе титулата после шест години пауза.