👁️  215

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 денари. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Од ноќеска на полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 85 денари. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,5 денари. Мазут М-1 НС ќе изнесува 41,409 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 проценти во однос на одлуката од 18 април оваа година.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713 проценти, соопшти Регулаторната комисија.