Новеска Вељаноска го објави списокот ракометарки за Светското училишно првенство

Селекторката на женската македонска ракометна репрезентација Даниела Новеска Вељаноска го објави списокот од 14 ракометарки, кои ќе настапат на Светското училишно првенство што од 21-29 април ќе се одржува во Скопје.

За престојниот настап повикани се следниве ракометарки: Марија Дуноска, Сара Илиоска, Ања Лашкоска, Тара Аврамовска, Рона Мифтари, Ивана Трифуноска, Мила Ристовска, Анастасија Тодоровска, Марија Димоска, Елена Балоска, Антонела Ѓероска, Бојана Георгиевска и Неда Јанева.

Младите македонски ракометарки се наоѓаат во групата Ц (извлекувањето на групите беше извршено попладнево), а ривали им се селекциите на: Словачка, Грузија и Белгија.

Свеченото отворање на првенството ќе се одржи утревечер во 19:30 часот