Раде Трајковски Штекли наводно е повреденото лице по експлозија на бомба која денеска се случи во скопската населба Ќерамидница, јавуваат дел од медиумите.
Од полицијата претходно информираа дека утрово во 09:20 часот во дворно место во населба Ќерамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.
-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Пред болницата забележано е зголемено полициско присуство.
Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во Трговскиот центар Ист Гејт беа изведени два обида за ликвидација.
Извор: Курир








