Во Аеродром фатен произведувач и дилер на дрога, си имал плантажа дома

Полициски службеници од СВР Скопје вчера на подрачје на општина Аеродром го лишиле од слобода В.В. (50) од Скопје.

-При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата – информираат од МВР.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.