Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Виена, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со македонската дијаспора во Австрија, на која, како што објави разговарале за продлабочување на нашите односи што би придонело во зголемувањето на економијата и инвестициите во Македонија.
-Македонија и Австрија имаат блиска соработка баш заради причината што голем број Македонци живеат тука. Разговаравме за продлабочување на нашите односи што би придонело во зголемувањето на економијата и инвестициите во Македонија. Посветени сме да овозможиме позитивни услови за сите оние кои се спремни да се вратат и да инвестираа во Македонија, и со тоа активно да се вклучат во развојот на државата – објави Николоски на Фејсбук.
Николоски е дел од владината делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, што престојува во официјална политичка и економска посета на Австрија.
Фото: Фејсбук на Александар Николоски






