Поранешната УФЦ-ѕвезда, Нејт Дијас, се соочува со пауза од дури 180 дена по поразот од Мајк Пери на ММА-спектаклот во Инглвуд, кој беше пренесуван на „Нетфликс“.
Дијас призна дека уште во првите секунди од борбата, најверојатно, го скршил прстот на левата рака и токму таа повреда е главната причина за долгата суспензија.
Неговиот корнер ја прекина борбата по втората рунда и тој подоцна потврди дека се согласил со одлуката.
Покрај шестмесечната суспензија, Дијас доби и дополнителни 60 дена пауза поради исеченици на челото, како и задолжителна забрана за контакт од 30 дена.
Иако ова е негов прв ММА-настап по 2022 година, 41-годишниот борач порача дека засега нема намера да се пензионира.




