НАТО ПРОТИВ НАТО: Грчки воени авиони дејствуваа против турски над Егејското Море во Грција, имало маневарско пресретнување

Десет прекршувања на грчкиот воздушен простор, од турски воени авиони биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во областа на североисточниот и југоисточниот дел на Егејското море, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчкиот воздушен простор биле забележани вкупно четири турски авиони, односно една формација составена од два Ф-16, кои биле вооружени и два поединечни авиони ЦН-235.

Во еден случај грчки ловци интервенирале против турските и имало маневарско пресретнување, односно како што пишува весникот „Катимерини“, „симулирана воздушна борба“.


Според грчкиот Генералштаб турските воени авиони биле препознаени и пресретнати согласно меѓународните правила и воспоставената практика.

„Катимерини“ пишува дека инцидентот е трет од почетокот на годинава, по регистрираните случаи на 26 март и 12 мај и посочува дека официјална Атина ја следи ситуацијата за да утврди дали овие прекршувања значат враќање на претходните турски тактики или станува збор за изолиран случај на зголемени тензии.