„Најсилни резултати имаме во ависообраќајот каде отворивме нови 28 дестинации“

За година и половина отворивме 28 дестинанции, двојно повеќе отколку што имаше цел период пред да бидеме избрани. Имаме најдобри резултати со над 3 милиони патници, очекувам годинава да достигнеме и над 3,5 милиони патници, изјави вицепремиерот Aлександар Николоски.

-Откако беше избрана ова Влада, денес имаме 28 нови дестинации, тоа е скоро дуплирање. На пример, скопскиот аеродром беше со 38 дестинации пред да бидеме ние избрани, охридскиот беше со шест. Значи вкупно имавме 44 дестинации, сега на тоа додаваме уште 28 дестинации. Тоа го потврдуваат и бројките. Скопскиот аеродром на територија на поранешна Југославија, според мерењето на “Екс ЈуАвиејшн” е аеродром со најголем раст. Двата наши аеродроми во првите 4 месеци оваа година надминаа 1.300.000 патници. Имавме до 30 % повеќе патници од минатата година, а лани пак поминавме 3.000.000, оваа година очекуваме да поминеме над 3.500.000 патници, што за држава од 1.800.000 жители е огромна работа, скоро двојно од бројот на жители и она што по мeне е најзначајно во услови на глобална криза во авиоиндустријата, пред сè заради војната во Иран”, изјави вицепремиерот Николоски во поткастот  „Риштази”.