Монтела: Македонија е слична на Австралија, затоа ја избравме

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела смета дека македонската репрезентација е идеален тест пред мундијалските предизвици.

„СП е огромен турнир. Земјите добиваат шанса да ја покажат својата фудбалска култура на теренот. Ја избравме Македонија бидејќи мислам дека нивниот стил на игра е сличен на оној на Австралија. Верувам дека ова ќе биде сличен тест на натпреварот што ќе го играме против Австралија на Мундијалот. Нашата прва цел е да ја минеме групната фаза.

Потоа ќе размислуваме натпревар по натпревар и ќе видиме до каде можеме да стигнеме“, изјави Монтела на денешната прес-конференција.

За македонската репрезентација ова ќе биде уште еден силен тест против учесник на Светското првенство, по пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина, додека за Турција дуелот ќе претставува важна проверка пред настапот на најголемата светска фудбалска сцена.