👁️  33

Министерството за надворешни работи информира дека по добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, преку амбасадата во Канбера, реагирале до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“.

-Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.

Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Илина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се наведува во соопштението на МНР.