Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со претставници на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата и го започнавме процесот на дијалог за изработка на нов Колективен договор.
-Подобри услови за работа, унапредување на правата на вработените и повисок животен стандард за сите припадници на одбранбениот систем. Процесот ќе биде отворен, инклузивен и транспарентен, со решенија што ќе одговорат на реалните потреби и предизвици, објави Мисајловски.
„Следуваат конкретни мерки, нови решенија и политики што ќе обезбедат поголема сигурност, подобар стандард и достоинствени услови за секој вработен во Министерството и Армијата“, додаде во објавата Мисајловски.






