Министерот за економија и труд ја посети општината и бизнисите на Желинo

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес беше во работна посета на општина Желинo. На средба со градоначалникот на општина Желинo, г-дин Блерим Сејдиу, беше разговарано за моменталната економска состојба, поддршката на Владата за инфраструктурни проекти во општините, конкретната поддршка на Министерството за труд и економија на бизнисите и граѓаните.

Заедно со Сејдиу, министерот Дурмиши посети неколку успешни бизниси во Желинo.

Министерот објасни дека преку Законот за поддршка на инвестициите и други институционални инструменти, создаваме подобри услови за развој, проширување на капацитетите и отворање нови работни места.

Исто така, преку Оперативниот план за 2025 година, покрај другите мерки, беше овозможено самовработување на илјадници граѓани.


Само во Желино, околу 20 грантови се доделени на граѓани и бизниси, вклучувајќи самовработување, субвенции за плати и други активни мерки.

Ова покажува дека мерките не остануваат само на хартија, туку стигнуваат до луѓето и компаниите на терен.

Овој историски успех ќе продолжи и ќе биде дополнително проширен со Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој предвидува околу 40 милиони евра за поддршка на самовработувањето и други активни мерки за вработување.

Министерството за економија и труд ќе продолжи да биде блиску до бизнисите и граѓаните, со активни мерки и политики што гарантираат подобрување на благосостојбата, економската клима и развојот.