Екстрадиција за порашнешниот премиер Никола Груевски земјава може да се бара доколку во Унгарија каде има добиено политички азил тој му биде одземен, во спротивно, одговорот на таквото барање за екстрадиција ќе биде негативен, вели премиерот Христијан Мицкоски. Затоа, додаде не треба да се прават споредби со двајцата поранешни членови на влада од Полска кои се во Унгарија и за кои веќе била побарана екстрадиција.
– Поранешните членови на полската Влада немаат азил. Во нашиот случај поранешниот премиер има азил. За да се испрати барање за екстрадиција треба прво да се спроведе процедура да се тргне азилот. Тоа е прво. Ако сега испратиме барање, ќе добиеме негативен одговор. Може утре да го испратиме, нема проблем. Дајте малку суштински да ги гледаме работите, а опозицијата нека го побара Васко Ковачевски да дојде, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за тоа дали Македонија ќе побара екстрадиција за Груевски, бидејќи Полска веќе тоа го направила.
Прашањето со азилот и екстрадицијата на Груевски повторно се отвори откако на неодамнешните избори во Унгарија победи Петар Маѓар кој одговарајќи на прашањето за можната екстрадиција на двајца полски политичари, кои добија азил во Унгарија како политички прогонувани лица, го спомна и примерот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, за кого рече дека исто така треба да биде екстрадиран.
Фото: Архива







