👁️  12

Чест и задоволство е денеска на покана на градоначалникот на општина Зелениково да бидам овде во општината, со мене е членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков, тука е и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, луѓето кои се дел од структурата, од администрацијата, советниците. Ценам дека ова што се прави во овие услови во општина како што е Зелениково која што условно спаѓа во помалку бројно населените општини во Македонија од страна на градоначалникот, навистина заслужува честитање и заслужува со максимално пофални зборови да се изразиме, бидејќи и покрај притисоците и игнорантскиот однос кој што го има општина Зелениково, но и сите општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат градоначалник, сепак овде Коста дава надчовечки напори заедно со советниците, заедно со администрацијата да реализираат проект повеќе, бидејќи условите и ресурсите со кои што располага се навистина минимални, скромни, симболични.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на општина Зелениково во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

-Но, кога се работи чесно, посветено, храбро, тогаш резултатите не може а да не се видат, односно еве гледате нови улици,а за дел од проектите кои се веќе реализирани самиот градоначалник зборуваше.

Многу е важно да се потенцира сето ова бидејќи во вакви услови успеваме да реализираме проекти. Добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира во мандатот свој да вложи овде во општина Зелениково до 2 милиони евра за проекти кои се капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, надвор од буџетот на самата општина.

Заедно со градоначалникот и со луѓето кои се дел од општинската администрација, детектиравме неколку проекти и ценам дека со реализацијата на тие проекти, меѓу кој што спаѓа и една детска градинка која што е ургентно потребна овде во Зелениково, квалитетот на живот во самата општина ќе биде подобрен, а со подобрување на квалитетот на живот нормално ќе бидат исполнети сите услови за да населението остане тука, да не мигрира, да не се иселува.

Уште еднаш на крај сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците кој ја поддржуваат работата на градоначалникот, на општинската администрација за посветената, храбра и чесна работа. И ги охрабрувам така да продолжат, да не се разочаруваат од игнорантскиот однос на владата бидејќи за неколку месеци од денеска Македонија, ќе биде слободна, ќе имаме нова влада, народна влада која ќе се грижи за сите општини низ Македонија, без разлика дали градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или градоначалник кој доаѓа од друга политичка партија.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада на сите граѓани, на сите општини, на целата територија на Македонија подеднакво, додава Мицкоски.