Метео: Еве какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец.