Шпанските медиуми објавија дека веднаш по елиминацијата на Реал Мадрид од ЛШ , Флорентино Перез влегол во соблекувалната и им одржал исклучително остар говор на играчите.
Единствениот што бил поштеден од критики бил Арда Гулер, кој постигнал два од трите гола на Мадрид во Минхен.
Претседателот директно им рекол на играчите дека многу од нив нема да бидат дел од тимот следната сезона.
По тешкиот разговор со играчите, Флорентино Перез имал телефонски разговор со Зинедин Зидан. Француската легенда веќе постигна брилијантни резултати како тренер на Реал Мадрид во минатото, што го прави логичен избор за спасување на тимот.
Сепак, Перез доби експресно „не“ од Зизу, објавува радиото „Кадена СЕР“. Тренерот има сосема различни планови за својата иднина. Се очекува веднаш по Светското првенство да ја преземе француската репрезентација. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.







