👁️  19

Статистичката куќа „Gracenote“ непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шампионите го објави фаворитот за освојување на најпрестижното клупско фудбалско натпреварување.

Најголемиот фаворит е бранителот на трофејот Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаат 37 отсто шанса за освојување на втората титула во клупската историја и се пред Реал Мадрид и Баерн Минхен кои имаат 13, односно 11 отсто шанса да го кренат трофејот.