Преселбата на Бразилецот на „Олд Трафорд“ се смета за чиста формалност. Иако минатиот месец ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, шпанскиот клуб не успеал да ги исполни финансиските барања поставени од Аталанта.
Откако Манчестер Јунајтед се согласил со условите на фудбалерот и понудил повисока отштета, англискиот великан останал единствениот сериозен кандидат за неговиот потпис.
Преговорите околу деталите траеле неколку недели, но според „Атлетик“, двата клуба веќе постигнале конечен договор.
Договорот на Едерсон со Манчестер Јунајтед ќе важи до јуни 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Овој трансфер претставува уште еден одличен потег на Аталанта, која го доведе бразилскиот играч од Салернитана во летото 2022 година за 22,9 милиони евра.