На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?- праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси.
Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Претходно беше Зоран Заев, а сега е Венко Филипче.
Имено, Венко Филипче е политичар кој како претседател на партија има понизок рејтинг од самата партија, од само 3%, и тој истиот се дрзнува да говори за евроинтегративниот процес на државата, но веќе и граѓаните не се чудат на неговите говори, бидејќи од него и не се очекуваат некакви резултати.
Венко Филипче додека ја чува фотелјата во СДС, поклонета од Зоран Заев, јасно и гласно ги промовира неговите политики на удоволување на секој еден, освен на Македонија и македонскиот народ.
Филипче по доаѓањето на новата власт во Бугарија, не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни.
За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДС нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена“, потенцира на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.








