Македонските одбојкарки поразени во контролата со Косово

Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби со 3-1 од Косово во првиот пријателски натпревар одигран во СЦ „Борис Трајковски“.

Нашите одбојкарки го добија првиот сет со 25:23, но противникот направи целосен пресврт и ја презеде контролата.

Во вториот сет жестока беше борбата, а Македонија имаше две сет топки при 24:22. Сепак гостинките од Косово успеаја врзат четири поени во низа да го добие со 26:24.

Тоа како да придонесе за голем пад во играта во третиот сет.


Противникот лесно го доби со убедливи 16:25 и поведе со 1-2. Четвртиот сет повторно донесе голема драма, нашите водеа до самиот финиш, но загубија со тесни 24:26.

Селекторот Милош Гавриловиќ ротираше постојано и им даде шанса на сите 16 одбојкарки во составот.

Вториот пријателски меч меѓу Македонија и Косово ќе се одигра утре во Скендерај со почеток во 15 часот.

Овие натпревари се последен тест пред стартот на европската лига и важна проверка за формата на репрезентацијата.