Македонија ќе игра за 5. место на Медитеранското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија која настапува на МП во Словачка, ќе се бори за петтото место, откако денеска славеше против Романија со 24-23 (3-2 во поени) и го освои третото место во групата А.

Во битката за петтото место, нашите млади ракометари утре ќе се сретнат со Хрватска.

Избраниците на Горан Кузманоски денеска одигра аодличен меч и доминантно дојдоа до победата.

Во нашата група како прва заврши Шпанија со 23,5 поени, Египет е втор со 23 поени, додека Македонија е трета со 18,5 поени.