Во Командата на Балканските медицински наменски сили – БМНС, касарна Илинден – Скопје, денеска заменикот министер за одбрана Адмир Шабани ќе се обрати на свеченост организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на обврската „рамковна земја“ на БМНС.
Со оваа свеченост, како што информираат од Министерството за одбрана, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека претседавањето со Управниот одбор го превзема Словенија.
На свеченоста ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: 15 години од покренувањето на иницијативата за формирање на БМНС и 10 години од воспоставувањето и отворањето на Постојаната организација на БМНС со седиште во Скопје. Освен заменикот-министер, на свеченоста ќе се обратат и досегашниот и новопоставениот командант на БМНС, полковникот Вељко Милиќ и полковникот Драганчо Војнески и амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом.







