Поради магла е отежнат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром. Според информацијата на сајтот на Меѓународниот аеродром Скопје, дел од летовите се откажани или пренасочени.
Според последните информации од веб страницата на Скопскиот аеродром вечерва, откажан е летот од Истанбул, додека летот од Цирих е пренасочен.
Попладнево, според информациите од сајтот, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден.








