Само во Унгарија, и никаде на друго место во Европа, сите три парламентарни партии – се десничарски, пишува на Фејсбук новинарот Драган Павловиќ Латас.
-Нема, ама баш ниеден, левичар, социјалдемократ, скраја да е некој ʼзеленʼ или комунист… А СДСМ и локалните ни соросоиди слават :)) што никој сличен на нив нема во тој Парламент. А Венко Филипче имаше шест години можност да им каже на Орбан и Сијарто што мисли за нив, за почеток кога донираа помош на Македонија за време на Ковид 19, пишува Латас.
Време во кое Заев и Филипче, вели новинарот, се обиделе да заработат ʼкупувајќиʼ кинески вакцини преку посредници. Кинезите не им дозволија.



