Кварачкелија сруши рекорд во ЛШ

ПСЖ и Арсенал ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, а во фокусот е фудбалерот на ПСЖ Квича Кварацкелија.

Грузиецот сезонава има учинок од 10 гола и шест асистенции, со што го израмни рекордот на Килијан Ембапе. Дополнително, Кварацкелија стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со гол или асистенција на седум последователни натпревари во нокаут фазата.


Финалето на 30 мај ќе биде и историско, бидејќи првпат за трофејот ќе се борат двајца шпански тренери.