ПСЖ и Арсенал ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, а во фокусот е фудбалерот на ПСЖ Хвича Кварацхелија.
Грузиецот сезонава има учинок од 10 гола и шест асистенции, со што го израмни рекордот на Килијан Ембапе. Дополнително, Кварацхелија стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со гол или асистенција на седум последователни натпревари во нокаут фазата.
Финалето на 30 мај ќе биде и историско, бидејќи првпат за трофејот ќе се борат двајца шпански тренери.







