На 06.05.2026 во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
При лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.






