👁️  5

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ја видел инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на промената на личните документи и дека не постои причина зошто би ја отфрлил, но на крај тоа е сепак одлука на Уставниот суд.

Како што посочи тој на денешната прес-конференција по посетата на Општина Шуто Оризари, со грчките власти нема разговарано на оваа тема, бидејќи обврската ја презел претседателот на државата, и рече дека може да се донесат законски измени, но дека во ситуацијата станува збор за документи за надворешна употреба.

-Ние сме се обврзале како држава дека документите за надворешна уптореба ќе бидат со новото уставно име на државата. Законски измени може да се направат, но сепак се работи за документи за надворешна упшотреба, значи личната карта и со Република Македонија се користи за внатрешна уоппотреба, како и возачката. Надчовечки напори се направени од страна на вработените во МВР променети се 1, 2 милиони пасоши, гледате дека работат луѓето и за празници и во недела и ќе разговараме, тоа е процес кој мора да се заврши, дециден е Ковачевски.

Премиерот додаде дека мора да се постигне договор со Грција, бидјеќи е една од омилените дестинации за патување на нашите граѓани.

-Документите за надворешна употреба се потребни за граѓаните кои патуваат надвор од државата и затоа треба да се постигне некаков договор и со Грција, бидејќи на крајот на денот кога ќе ги видите и дестинациите во кои најмногу патуват нашите граѓаните од средина на мај до средина на септември најмногу патуваат во Грција од доминантно туристички причини, посочи Ковачевски.