Колина се огласи: Еве дали голот на Германија е правилно поништен

Претседателот на судиската комисија на ФИФА Пјерлуиџи Колина оцени дека одлуката за поништување на голот на Германија против Парагвај била исправна и во согласност на правилата. Поништениот гол на Германија предизвика многу дилеми и коментари.

Во објаснувањето тој надополнува дека напаѓач, кој не е заинтересиран за игра со топката и намерно има движење, кое ги попречува играчите од одбраната доколку и минимално ги попречува да се бранат прави фаул, пренесува Колина.

Тој додаде дека во вакви ситуации судиите со помош на ВАР треба да направат анализа и правилно да донесат одлука. На овој начин Колина ја поддржа одлуката на судискиот тим да го поништат голот на Германија.