Министерството за внатрешни работи ги поканува сите граѓани на 7 мај – Денот на полицијата, да бидат дел од заедничкото одбележување преку хепенинг кој ќе се одржи на локацијата Школка во Градскиот парк , со почеток во 18:00 ч.
Овогодинешното одбележување на Денот на полицијата е посветено на борбата против родово базираното и семејното насилство – тема од исклучително значење за целото општество. Преку заедничка порака, институциите и граѓаните испраќаат силен апел за препознавање, пријавување и спречување на насилството.
Настанот ќе биде збогатен и со музички колаж со настап на гости-изведувачи, со што ќе се заокружи ова заедничко одбележување во духот на солидарност, поддршка и заедништво.
Ги покануваме сите граѓани да ни се придружат, да ја запознаат полицијата одблизу и заедно да испратиме порака за општество без насилство.






