👁️  33

Украинските специјални служби спречија обид на руски хакери да упаднат во информацискиот систем на Вооружените сили на Украина, објави на Телеграм украинската служба за безбедност.

Украина информира за зголемен број руски хакерски обиди против компјутерските системи на украинската влада, вооружените сили и енергетскиот сектор од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија постојано ги негираше ваквите обвинувања.

„Како резултат на сложени мерки, украинската служба за безбедност ги откри и блокираше незаконските дејствија на руските хакери кои се обидоа да навлезат во мрежите на украинската војска и да преземат разузнавачки информации“, се вели во соопштението на службата. Според соопштението, руските хакери се обиделе да добијат пристап до „чувствителни информации за акциите на украинските вооружени сили, за локацијата и движењето на одбранбените единици, како и за нивната техничка поддршка“.

Украинската служба за безбедност соопшти дека нејзините кибер специјалисти откриле дека хакерите планирале да користат украински воени таблети за да шират вируси во борбениот систем на Украина. (МИА)