Откако женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Турција за финале на Светското ракометно првенство за средни училишта, тоа им појде од рака и на нивните колеги од машката селекција, кои ја декласираа Србија и ќе играат меч за злато.
Македонските ракометари беа убедливи и победија со 30-19 во полуфиналето против Србија, па утре ќе играат во финалето од училишниот Мундијал во Скопје.
Македонија доминираше во текот на целиот меч. На полувремето имаше предност од 14-10, а вториот дел го отвори со серија од 5-0 за 19-10 и тука некаде веќе беше јасно дека нашите ракометари ќе играат финале.
Финалето ќе се игра утре, со почеток во 16 часот со СЦ „Јане Сандански“, а противник на нашите ракометари ќе им биде една од селекциите на Израел или Хрватска.





