Јокиќ се искачи на првото место со најмногу трипл-даблови во историјата на НБА

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ноќеска оствари трипл-дабл во петтиот натпревар од победата на Минесота Тимбервулвс од 125:113 во првото коло од плејофот во НБА.

Триесет и едногодишниот Србин постигна 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Ова е неговиот 221-ви трипл-дабл во регуларната сезона и плејофот заедно.


Оваа статистика го става Јокиќ на исто ниво со плејмејкерот на Сакраменто Кингс, Расел Вестбрук, за најмногу трипл-даблови во историјата.

Во Топ 5 на оваа листа се наоѓаат уште и: Оскар Робертсон (189 трипл-даблови), Меџик Џонсон (168) и Леброн Џејмс (153). (МИА)