Јаневска најави финансиска поддршка за ученици и ментори на меѓународни натпревари

Извонредно талентиран и паметен! Ми беше задоволство денес да се сретнам со ученикот Македон Димитровски, познат во јавноста како исклучително надарено дете со интерес за математика и јазици, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.


Неговото учество на панелот „Магијата е во знаењето“ внесе дополнителна инспирација во дискусијата, како пример дека љубопитноста и љубовта кон знаењето се развиваат од најрана возраст, но и како поттик да направиме уште повеќе за талентираните деца во Македонија – да бидат поддржани и охрабрени тука да го реализираат својот потенцијал. Освен што обезбедуваме поддршка во форма на стипендии и парични награди за освоени први места на државни и меѓународни натпревари и научни олимпијади, а од лани целосно ги покриваме и трошоците за котизација и пат при учество на натпревари надвор од Македонија, информирам дека работиме и на Концепција за откривање и работа со талентирани и надарени ученици. Анализираме странски искуства, кои ќе ни помогнат во креирање на најдобрите мерки и активности што ќе бидат дел од овој важен документ.
Македон, гордост си, истакна Јаневска.