Израелската војска нареди евакуација на јужните предградија на Бејрут

Израелската војска ги предупреди жителите на јужните предградија на Бејрут да ги напуштат своите домови поради можни напади.

Во соопштението се наведува дека израелската војска ќе гаѓа цели во Дахије доколку Хезболах „продолжи да лансира ракети кон израелските градови и места“, пренесува Тајмс оф Израел.

– Израелската војска ги предупредува жителите на областа Дахије во Бејрут и ги повикува да се евакуираат заради сопствена безбедност. Ако терористичката организација Хезболах продолжи да лансира ракети врз израелските градови и места, ИДФ ќе одговори со таргетирање на локации на Хезболах во јужните предградија – изјави портраполот на војската, полковник Авичај Адреи.


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ѝ наложи на војската да ги гаѓа „терористичките цели во дистриктот Дахије во Бејрут“.

Израел издаде и наредби за евакуација за уште девет либански градови. (МИА)