Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари соопшти дека војската досега ги известила семејствата на 203 заложници дека нивните најблиски се наоѓаат во Појасот Газа.

Тој вели дека бројката не е конечна, бидејќи ИДФ постојано истражува нови информации за Израелците кои се исчезнати од нападот на 7 октомври. Хагари посочи дека во некои од случаите семејствата биле известени дека војската со голема веројатност смета дека тие се заложници на Хамас. Но, во други случаи, тој вели дека војската има умерено до ниска увереност дека тие се заробеници.