Италијанските новинари в четврток повторно ќе стапат во штрајк

Федерација на италијански медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов.

Новинарите исто така бараат поголема заштита на нивните права и подобрени услови за работа.

– Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостасува колективен договор, што би регулирал, како да се користи вештачката интелигенција за новинарска содржина и колкава треба да биде платата за креаторите на оваа содржина, се наведува во соопштението на Федерацијата на италијански медиуми.


Досега, новинарите во Италија штрајкуваа неколку пати, а последниот штрајк беше на крајот на март.

Одделно, имаше штрајкови на локално ниво во голем број медиуми поради разни проблеми, како што се уредувачката политика или промените во сопственоста.