Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска бил одржан состанок посветен на реформската агенда, на кој биле разгледани клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување.
Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски пишува дека учесниците на состанокот се согласиле оти реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати со позитивно влијание врз граѓаните, при што биле предложени и конкретни чекори за унапредување на процесите, како и временска рамка за нивна имплементација.
– Денес одржавме состанок посветен на реформската агенда, при што се разгледаа клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување. Во текот на дискусијата беа истакнати потребите за подобрување на институционалната ефикасност, зголемување на транспарентноста и зајакнување на механизмите за отчетност. Учесниците се согласија дека реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати кои ќе имаат позитивно влијание врз граѓаните, вели Мицкоски.
Според него, состанокот завршил со заклучок дека е потребна континуирана координација и следење на напредокот за успешна реализација на реформската агенда.
– Состанокот заврши со заклучок дека е потребна континуирана координација и следење на напредокот, со цел успешна реализација на реформската агенда – вели Мицкоски.







