Искрено и духовито: Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето (ФОТО)

Популарната пејачка Едита Арадиновиќ влезе во деветтиот месец од бременоста и нетрпеливо го чека моментот кога ќе се роди нејзиното бебе.

За време на бременоста, таа го поминува времето на социјалните мрежи, каде што е многу активна и отворено ги споделува со своите следбеници деталите, чувствата и предизвиците низ кои поминува.

Едита сподели две фотографии на својот Инстаграм. На едната позираше во долна облека, ставајќи го своето големо трудничко стомаче во преден план.


Во таа прилика, пејачката искрено и духовито ги откри физичките тегоби со кои се соочува на крајот од бременоста.

-Ме болат грбот, нозете, препоните, ребрата… Тежам речиси 80 килограми и јадам како дива свиња…- напиша Едита.