Гори тешко пристапно место: Ер трактори на ДЗС ќе полетаат кон Белица

Пред малку изби пожар над с. Белица, општина Македонски Брод на границата на ловиштето Јасен.

Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен, информира ДЗС.


Пожарот уште е релативно мал, но се одвива на исклучително тешко пристапно место до кое може да се стигне само пеш. Воедно, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС.