Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, заедно со своите соиграчи го воодушеви фудбалскиот свет со настапите на Светското првенство, а сега неговото име се најде во центарот на уште една интересна статистика.
Во морето податоци од Мундијалот што се игра во САД, Мексико и Канада, посебно се издвојува оној според кој голманот на Зеленортските Острови досега има повеќе успешни дриблинзи од Кристијано Роналдо.
Да, звучи неверојатно, но е вистина.
Харизматичниот чувар на мрежата на африканската селекција запиша еден успешен дриблинг во натпреварот против Аргентина, кој Зеленортските Острови го загубија со 3:2. Во една ризична ситуација, Возиња со „лажњак“ го надмудри напаѓачот Лаутаро Мартинез.
Еден дриблинг во четири натпревари беше доволен за да го надмине Роналдо, кој на овој турнир сè уште нема ниту еден комплетиран дриблинг.
Португалската ѕвезда, сепак, има три постигнати гола на Мундијалот, но досега не успеа со индивидуален потег и дриблинг да мине противнички играч.







