РК Вардар 1961 и официјално го продолжи договорот со својот капитен и во наредната сезона откако Гоце Георгиевски стави потпис на нов договор и потврди дека кариерата ќе ја заврши во дресот на Црвено-црните.
Искусното десно крило, кое потекнува од РК Металург, зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи за Тулуз и Динамо Букурешт, во сезоната 2020/21 пред да се пресели во Вардар. Оттогаш Георгиевски прерасна во еден од лидерите на тимот и еден од најважните играчи во соблекувалната.
Од клубот не го криеја задоволството поради продолжувањето на соработката со капитенот.
„Горди сме што Гоце ќе остане дел од Вардар и што токму тука ќе ѝ стави крај на својата блескава кариера. Веруваме дека заедно нè очекува уште поуспешна сезона“, порачаа од вардаровиот табор.







