Червар: Чест ми е што доаѓам во клуб со толку голема традиција и историја

Е.Пелистер го назначи Лино Червар за нов тренер од следната натпреварувачка сезона. Хрватскиот стручњак ќе седне на жешката битолска клупа, а мисијата нема да биде лесна ниту за човек со неговото искуство и реноме.

Откако клубот ја официјализира соработката преку социјалните мрежи, Червар испрати кратка порака.


„Чест ми е што доаѓам во Еурофарм Пелистер, клуб со голема ракометна традиција и историја. Со играчите, управата и моето искуство ќе направам сè и ќе работиме на нови спортски и организациски идеи и планови.

Пелистер над сè – само еден тим, само еден град, само Битола“, изјави Червар.