Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека со брза, навремена и координирана реакција спречиле поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје.
– Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции. Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност, вели Ѓорѓиевски.
Истакна дека на терен биле над 1000 работници од градските јавни претпријатија кои работеле на санирање на последиците од невремето.
-Скопје и скопјани не се оставени сами. Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно, нагласува скопскиот градоначалник.






