Германија испраќа противвоздушна батерија „Патриот“ и 150 војници во Турција

Германија во претстојните недели ќе испрати батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“ и 150 војници во Турција, како дел од планот на НАТО за засилување на одбраната по должината на југоисточниот фланг на Алијансата, соопшти германското Министерство за одбрана.

Како што пренесува германскиот весник „Берлинер цајтунг“, во официјалното соопштение на Министерството се наведува дека германската батерија ќе дејствува во тесна соработка со вооружените сили на Турција. Според моменталните планови, се очекува нејзината мисија во рамките на Интегрираната систем за противвоздушна и противракетна одбрана на НАТО (NATO IAMD) да трае од јуни до септември оваа година.


– Германија презема поголема одговорност во рамките на НАТО – изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Тој појасни дека германската батерија и 150-те војници ќе заменат американска единица која во моментов е распоредена во Турција. – Нашите военовоздухопловни сили вршат одлична и меѓународно признаена работа – додаде Писториус.