Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека целосниот прекин на огнот со САД и Израел има смисла само доколку не биде поткопан од американската блокада на иранските пристаништа.
Според него, таквите дејствија на американската морнарица претставуваат „очигледно прекршување на примирјето“.
Галибаф истакна дека Иран не може да прифати договор кој го ограничува неговиот економски суверенитет и слободниот пристап до меѓународните води.
Во своето обраќање, претседателот на Парламентот на Иран дополнително нагласи дека отворањето на Ормуската Теснина е невозможно под моменталните околности. Тој порача дека безбедноста на овој клучен воден пат е директно поврзана со престанокот на непријателските активности и укинувањето на поморските рестрикции наметнати од страна на Вашингтон. (МИА)






