Во финалето во Лигата на шампиони на 23 мај во Осло на стадионот „Улевал“ ќе играат фудбалерките на Барселона и Лион.
Барселона обезбеди место во финалето откако вечерва го совлада со 4-2 и со вкупен резултат од 5-3 го елиминираше германскиот клуб.
Претходно во саботата, фудбалерките на Лион го совладаа на домашен терен бранителот на титулата Арсенал со 3-1 и ја надоместија негативата од 1-2 од првиот натпревар во Лондон.
Барселона и Лион ќе се сретнат во финалето на најелитното европско клупско натпреварување по четврти пат во последните седум години. Францускиот тим беше поуспешен во 2019 година (4-1) и 2022 година (3-1), додека каталонскиот тим победи со 2-0 пред две години.
Лион е рекордер со осум титули во женската Лига на шампиони, додека има три европски титули.







