Носачот на авиони „Шарл де Гол“ се упати кон Црвено Море и Аденски Залив, како дел од подготовките на Франција и Велика Британија за идната мисија за обезбедување слободна пловидба низ Ормуска Теснина, соопшти денеска француската армија.
Француското Министерство за одбрана наведе дека „Шарл де Гол“ денеска помина низ Суецки Канал и плови кон јужниот дел на Црвено Море.
Носачот на авиони беше распореден во источниот дел на Средоземно Море откако САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран. „Шарл де Гол“ на море може да остане од четири до пет месеци.
Франција и Велика Британија ја предводат иницијативата за воспоставување меѓународна мисија за заштита на пловидбата во Ормуска Теснина, кога ќе дозволат условите.







